Експлозија во ресторан: Преку 40 лица се повредени, едно лице е во критична состојба

Точка

16/12/2018

18:33

5.399

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 40 лица се повредени во експлозија во ресторан во Сапоро, во северна Јапонија, пренесуваат локалните медиуми.

Според изјавите на полицијата, 41 лице е повредено, повеќето од нив се со лесни повреди, но едно лице е во критична состојба.

Повредените се хоспитализирани во локалните болници, а причината за експлозијата се испитува, пренесува полицијата.

Според изјавите на сведоците, после експлозијата, која предизвикала рушење на околните згради, се почувствувал тежок мирис на гас.

Агенцијата наведува дека причината за експлозијата се истражува, но дека на видео снимките кои ги пренесуваат медиумите се гледа ресторанот кој гори во пламен.

Локалните власти соопштуваат дека ќе обезбедат засолниште во кое ќе можат да преноќат жителите од околината, за да не мора да ги вдишуваат штетните гасови од експлозијата.

Сапоро, градот каде се случила оваа експлозија, е главен град на северно јапонскиот остров Хокаидо.

##https://twitter.com/worldnewsevery/status/1074313419396804608##



Спонзорирани линкови

Маркетинг