Најдолговечниот холивудски пар воодушеви со честитка за Божиќ!

Точка

16/12/2018

15:34

5.788

Големина на фонт

а а а

Парот кој им пркоси на холивудските стандарди, ја воодушеви јавноста со честитката за Божиќ.

Станува збор за Голди Хоун и Курт Расел, кои се заедно уште од 1983-та година, па затоа и на многумина им се омилениот селебрити пар, а со последниот гест на сите им станаа уште подраги.

Голди на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која таа и Курт се облечени како Баба и Дедо Мраз, а на фотографијата со нив позирале и нивните кучиња.

View this post on Instagram

Never thought I’d be sleeping with Santa! ????

A post shared by Goldie Hawn (@officialgoldiehawn) on

„Никогаш не помислив дека ќе спијам со Дедото“, напишала актерката во описот на фотографијата, на што ние би додале дека „Дедото“ никогаш не изгледал подобро, како ни Бабата Мразица.

Да потсетиме, тие двајца се запознале уште во 1976-ма година, на снимањето на филмот „The One and Only, Genuine, Original Family Band“. Голди тогаш имала 21 година, а Курт имал само 16 години и немало „хемија“ од самиот почеток. Русокосата актерка признала дека Расел ја нервирал, но таа него го маѓепсала уште на прв поглед. После завршетокот на снимањата, секој тргнал по свој пат, а кога повторно се сретнале на снимањето на филмот „Swing Shift“, 15 години подоцна, се родила љубов која трае и денес. Иако се еден од најдолговечните холивудски парови, никогаш не се венчале, па тоа е и тајната на нивната долговечност, тврдат тие.




Спонзорирани линкови

Маркетинг