Голем пожар во англиска зоолошка градина, загрозени 21.000 животни

Точка

15/12/2018

14:30

1.564

Големина на фонт

а а а

Посетителите се сомневаат дека сите животни ќе бидат спасени на време.

Во Честерската зоолошка градина во северозападна Англија, во тек е евакуација откако избил поголем пожар. 

Црниот облак се надвил над домот на 21.000 животни, а на Твитер посетителите тврдат дека пожарот се влошува и голта се пред себе, избивајќи на повеќе места околу градината.

"Со брзината со која пламенот расте, би се зачудил ако преживеат сите животни", напишал еден од посетителите.

Посетителите и животните се гушат, додека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг