Жиру и Мората не чинат: Челси пикира нов напаѓач од Премиер лигата

Дерби

15/12/2018

14:01

1.332

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Англија пренесуваат дека од таборот на Челси ќе се насочат кон носење на нов напаѓач во јануарскиот преоден рок и дека веќе е избрана првата мета.

„Дејли Експрес“ пишува дека „Сините“ од Лондон со сите сили ќе тргнат по услугите на новопечениот англиски репрезентативец и напаѓач на Борнмут, Калум Вилсон.

26 годишниот Вилсон игра одлично на почетокот на сезоната под водство на Еди Хау, а досега има постигнато вкупно осум погодоци за Борнмут. За разлика од него, напаѓачкиот пар на Челси, Жиру и Мората вкупно имаат само шест погодоци.

Токму затоа, од Челси ќе испратат понуда во висина од 30 милиони фунти за услугите на Вилсон, а се верува дека ќе го испратат и Рубен Лофтус Чик на шестмесечна позајмица на „Виталити“ како дел од трансферот за напаѓачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг