Тензично на улиците на Париз: Полицијата повторно се судри со Жолтите елеци...

Точка

15/12/2018

14:03

3.196

Големина на фонт

а а а

На протестите на движењето Жолти елеци во Париз денес дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата, при што безбедносните сили употребија и солзавец.

До судирот дошло денес на Елисејските полиња во престолнината на Франција каде што група на демонстранти се судриле со безбедносните сили.

Француските медиуми пренесуваат дека илјадници демонстранти се собрале на големата авенија во Париз каде што биле пречекани од голем број на полициски сили кои што таму биле распоредени превентивно откако претходните протести на Жолтите елеци предизвикаа вистински хаос.

Судирот за кратко време бил прекинат, по што демонстрантите тргнале кон Триумфалната капија на крајот од авенијата.

Денешниот ден го одбележува петтиот по ред викенд на кој што има протести на Жолтите елеци кои што започнаа кон средината на ноември поради зголемувањето на цените на горивата. После големите нереди и судирите на демонстрантите со полицијата, француската влада се откажа од идејата за поскапување на горивата, а претседателот Макрон најави и зголемување на минималната плата.

Деновиве во Париз ќе бидат распоредени над 8 илјади припадници на силите за безбедност, а на територијата на цела Франција дури 89 илјади. Париската полиција соопшти дека утринава биле приведени 21 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг