Операцијата во Германија успешно заврши, Сара Настеска се чувствува добро

Макфакс

15/12/2018

13:03

2.002

Големина на фонт

а а а

Успешно заврши трансплантацијата на коскена срцевина на 15-годишната охриѓанка Сара Настеска во Германија.

,,Добри вести стигнуваат од Германија. Успешно е извршена трансплантацијата на коскена срж на 15-годишната Сара Настеска, која боледува од пластична анемија. Сара се чувствува добро”, е објавено на Фејсбук страницата „Охрид за Сара”.

Сложената операција во специјализираната клиника во Германија била извршена на 12 декември. Трансплантацијата се одвивала во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор, бил земен потребниот примерок, односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара.

,,Во моментов таа е добра и позитивна. Следува период на адаптација од неколку недели, во текот на кои ќе знаеме како организмот ќе го прифати третманот односно трансплатираната коскена срцевина”, информира Горан, таткото на Сара.

Првичната проценка и од лекарскиот тим била дека трансплантацијата поминала добро. Тој се заблагодарува на сите добри и хумани луѓе, кои беа со нив во моментите кога им беше најтешко и кога им беше најпотребна помош.



Спонзорирани линкови

Маркетинг