Руските специјални единици добиле нова автоматска пушка "ШАК-12", која американските медиуми ја нарекле "супероружје". Станува збор за автомат со голем калибар кој е направен по налог на Федералните служби за безбедност и кој ќе овозможи моментално неутралазирање на противникот.
Тоа оружје е наменето за антитерористичките единици за изведување на операции во ограничен, затворен простор, како што се станбени единици и индустриски објект. Основната задача на овој автомат е брзо и ефикасно уништување на терористите, дури и ако се сокриени или носат панцири.
"ШАК-12" е многу ефикасна во блиска борба и во затворени простории, посебно кога станува збор за ситуации со голем број на заложници. Американскиот експерт Марк Епископос за "National Interest" пишува дека раководството на ФСБ почнало да размислува за создавање на ново поефикасно стрелачко оружје по терористичките напади во Беслан и во московскиот театар "Дубровка".
Како што објаснува Епискпос, практично е потврдено дека адреналинот и одредени наркотички средства можат да ја потиснат болката која настанува како последица од ранување од огнено оружје. Во такви ситуации, иако смртно ранет, терористот може да престане да пука или да активира експлозивна направа. Често тие неколку "дополнителни" секунди се фатални за заложниците.
Меѓутоа, Епископос истакнува дека тој проблем може да се реши со помош на куршумите "12,7h" од 55 милиметри на руската автоматска пушка "ШАК-12". Муницијата тешка 33 грама веднаш го неутрализира терористот, дури иако е зад ѕид и носи панцир. Оваа муниција се произведува во различни варијанти, во зависност од типот на куршумот. Нејзиниот ефектен острел изнесува од 100 до 300 метри.
Автоматот е проектиран по "булпап" конфигурација. Ваквиот систем на изработка на стрелачко оружје обезбедил широк спектар на примена на различни додатоци како што се пригушувачите. На тој начин е зголемена прецизноста и со самото тоа тактичката ефикасност.
Тежината на автоматот со муниција изнесува 5,2 килограми. Руските експерти велат дека руските автоматски пушки веќе одамна на меѓународниот пазар стекнале слава како доверливо оружје, лесно за користење, кое ги задоволува современите барања.
Веќе со години ова руско стрелачко оружје е најдобро во светото по доверливоста и леснотијата во ракувањето и поради тоа појавувањето на новиот тип предизикува голем интерес. Претходно конструкторите оделе по патот на унификација на стрелачкото оружје - истото оружје се користело во борба, како на кратко, така и на подолго растојание. Денес, во услови кога непријателот користи нови видови на оружје, кога е потребно ефикасно да им се одговори на терористите и да се стапи во блиска борба со нив, потребно е ново ефикасно оружје, вели воениот експерт Александар Жилин за "Sputinik".
"ШАК-12", како што наведува експертот, е идеално оружје за водење на антитерористички и други воени операции во населени подрачја, внатре во згради и објекти, при што главен приоритет е да се обезбеди максимална безбедност на цивилите.
"ШАК-12" ќе им овозможи на нашите специјални единици, кои во интерес на целиот свет се борат против тероризмот, да се борат уште поефикасно и со помали загуби. Да не откриваме посебни тајни, но можеме да кажеме дека ФСБ и специјалните единици денес добија оружје кое нема пандани во светот. Мислам дека такво оружје не треба да се пушти во масовно производство - со него треба да се вооружат оние кои професионално се борат против тероризам, рекол Жилин.
"ШАК-12" го конструирале инженери од руското Централно конструкторско научно-истражувачко биро за спортско-ловечко вооружување. Произведувачот ја претставил оваа автоматска пушка на изложбата "Армија 2018" во Русија, и на саемите за оружје во Индија и Кина.