Оскаровката новиот закон во Израел го нарече расистички

Точка

15/12/2018

18:32

4.910

Големина на фонт

а а а

Холивудската глумица која потекнува од Израел, Натали Портман го прозва расистичкиот закон според кој Израел е дефинирана како еврејска држава-нација, а беше усвоен од израелската влада во средината на јули.

Натали даде интервју за магазинот "Ал Кудс Ал Арабија" со седиште во Лондон во кое го критикуваше Израел поради спорниот закон усвоен во јули оваа година. 

"Тоа беше грешка и јас со тоа не се согласувам. Верувам дека можеме да ги сакаме нашите соседи и дека можеме да соработуваме заедно со нив", истакна оскаровката.


Портман во јуни беше прогласена за добитничка на престижната награда Џенезис во Израел, а станува збор за еден вид еврејска Нобелова награда.

Глумицата тогаш соопшти дека не ѝ е пријатно да учествува на било какви јавни настани во Израел, после што церемонијата била откажана.

Фондацијата која стои зад наградите објави дека Портман одбила да присуствува на свечената церемонија, а со тоа го одби и наградниот фонд во вредност од два милиони долари.


Израелскиот парламент го усвои нацрт законот на 19 јули, според кој Израел се дефинира како еврејска држава-нација и тоа со 62 гласа "за" и 55 "против". Овој закон предизвика големи полемики и критики во регионот. 

Израелските власти претходно спроведувале дискриминаторна политика кон арапското население, а со новиот закон тоа е легално.

Арапскиот јазик го изгуби статусот на официјален јазик. Покрај тоа, еврејските празници се прогласени за државни, а Ерусалим како главен град на Израел.


Поголемиот дел од одредбите на законот се во спротивност со постоечките законски одредби дека во Израел сите граѓани имаат еднакви права и можности.

Со прогласувањето на Израел за дом на сите Евреи се занемаруваат правата на Палестинците. Исто така се поттикнуваат Евреите од другите земји да се доселат во Израел додека враќањето на прогонуваните Палестинци се блокира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг