Девојче паднало од прозорец од 5 спрат и сфатило дека ова е најсреќниот ден во нејзиниот живот

Точка

15/12/2018

16:31

5.366

Големина на фонт

а а а

Во еден руски град безбедносните камери снимиле не толку пријатна сцена - девојче кое паѓа низ прозорец од петти спрат.

Тагир Могамедов и Ајдемир Кулдуев се нашле на вистинското место во вистинското време. Да не биле тие двајца последиците би биле фатални за девојчето. 

Според пишувањата на медиумите, малото девојче Аиша се здобило со неколку исеченици, додека еден од храбрите спасувачи ја повредил раката.


Тамошната влада одлучила да ги награди овие храбри момци поради навистина херојскиот потег.

Медиумите истакнуваат дека таткото на Аиша за време на незгодата бил на работа, додека нејзината мајка отишла до продавница која се наоѓа веднаш пред нивната зграда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг