Контроверзното "Досие С": Повеќе од 20.000 луѓе се наоѓаат на овој список, и сите се закана за Франција

Точка

14/12/2018

21:21

3.478

Големина на фонт

а а а

Освен хулиганите и радикалните противници на глобализацијата, во "Досие С" има и бројни исламисти.

"Досие С", во кое има податоци за десетици илјади лица кои се осудувани, но и оние лица кои се сомнителни или можни извршители на злосторства, ја поделило француската јавност. 

"С", инаку, означува државна безбедност.

Кога, на пример, полицајците и граничните службеници при проверката на личните документи гледаат предупредување дека лицето е дел од "Досието С" - мораат внимателно да го прегледаат багажот.

Така при обична контрола во сообраќајот може да се случи полицаец да го провери и идентитетот на совозачот или да ја предупреди француската тајна служба.

Лицата кои се заведени во списокот можат слободно да се движат низ земјата, бидејќи ставањето на списокот не значи и постојано следење на тоа лице.

Опозицијата бара спорното досие првенствено да се затвори. Но, за тоа, моментално нема законска основа.

Овој документ не е попис на терористи, туку список со имиња на лица кои би можеле да претставуваат опасност за безбедноста на Франција.

Поранешниот француски премиер Мануел Валс, своевремено навел дека на тој список има 20.000 луѓе, но медиумите претпоставуваат дека се околу 26.000 луѓе.

Освен хулиганите и радикалните противници на глобализацијата, во 'Досието С' има и бројни исламисти, а наводно, станува збор за 10.000 џихадисти.

Бројот на внесени имиња во последните години е зголемен. Уште во 2010-та година во него наводно имало само 5.000 луѓе.

Во повеќето случаи, имињата доаѓаат до списокот на барање на француската тајна служба.

Тоа може да се случи по пријавата на некој поединец или установа, но и по пријавата на некоја тајна служба од странство.

Тоа дали лицето има француско државјанство и дали моментално е во Франција не игра никаква улога при внесувањето во списокот.

Никој од оние чии имиња се во "Досието С" не се информирани дека се на него.

Во него се наведени лични податоци за тие лица, фотографии, причини за ставање на списокот и податоци за однесување во случај на контрола.

Имињата се сместени во 16 категории - од С1 до С16. Наводно, од тоа не може да се заклучи колку едно лице е опасно, туку тоа може да им служи на полицајците како дополнителна информација во случај на контрола.

Џихадистите кои се вратиле во Франција од воените подрачја се наоѓаат во категоријата С14, наведува "Deutsche Welle".



Спонзорирани линкови

Маркетинг