Водителката извршила самоубиство: Тажната вест ја прочитале колегите

Точка

14/12/2018

19:26

3.845

Големина на фонт

а а а

Водителката на "Fox TV" била пронајдена мртва во својот дом.

Водителката на временска прогноза на телевизијата "Fox 2", 35-годишната Џесика Стар, била пронајдена мртва во својот дом во Детроит. 

Стар била на боледување поради ласерска операција на очите, и неколку дена пред смртта, на социјалните мрежи пишала дека не се чувствува добро.

Веста ја прочитале колегите од телевизијата и откриле дека "Џесика извршила самоубиство". Патолозите откриле дека смртта настапила со бесење.

"Срцата ни се скршени. Нејзиното семејство од "Fox" е во шок и не може да верува дека ја нема таа прекрасна, интелигентна и весела жена. Молете се за нејзиното семејство", напишала водителката на Утринската програма Ејми Ендрјуз на Твитер.

Стар била омажена и зад себе оставила две малолетни деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг