Кнајсл: Мирот не се постигнува со формирање на војска

Макфакс

14/12/2018

19:32

2.525

Големина на фонт

а а а

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата која претседава со ЕУ, Карин Кнајсл оцени дека денешната одлука за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска не придонесува за мир.

Добрососедските односи се важен предуслов за напорите за интеграција на Косово во ЕУ, пред се, нормализацијата на односите со Србија е од приоритетно значење, вели Кнајсл во соопштението.

Косовската влада денеска ја изгласа одлуката за менувањето на Косовските безбедносни сили. По ова пристигнаа низа реакции. Српскиот министер за надврешни работи Ивица Дачиќ вели дека формирањето на косовска војска е „најдиректна закана за мирот и стабилноста во регионот и безбедноста на српскиот народ”.

Тој објави дека ќе побара и итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации по одлуката на Косово за формирање на војска, објави АП. Со сличен став е и српската опозиција. Формирањето на Косовска војска ќе го дестабилизира целиот регион, посочија опозициските политички партии и движења во Србија по изгласувањето на одукаата на Косовската влада за формирање на војска.

На одлуката на Косово се спротистави и Кирап. Портпаролот на Владата на Кипар, Продромос Продром, вели дека неговата земја е загрижен за постапките и одлуките на Приштина кои не се во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека жали што косовскиот парламент донел одлука за трансформација на Косовските безбедносни сили (КБС) во армија и покрај забраната на алијансата.

Германија, пак, соопшти дека усвојувањето на законите за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска не смее да биде искористено за ескалација на насилството и ги повика Белград и Приштина на воздржаност. Покрај Германија, и САД ја изразија својата поддршка за трансформацијата на Косовските безбедносни сили во војска, која ќе има територијален одбранбен мандат, како суверено право на Косово, соопшти амбасадата на САД во Приштина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг