Скандал: Мис Америка ги исмевала колешките кои не знаат англиски јазик

Точка

14/12/2018

18:38

4.256

Големина на фонт

а а а

Мисицата од САД, Сара Роуз Самерс предизвикала бројни критики на социјалните мрежи кога се појави видео на кое таа се шегува на сметка на натпреварувачката од Виетнам.

На снимката покрај Самерс зборувале и мис Колумбија, Валерија Моралес и претставничката на Австралија, Франческа Ханг. 

"Многу е слатка и се преправа дека знае англиски јазик, а кога ќе ја прашаш нешто откако сте поминале цел разговор, таа само се насмевнува", изјавила Сара смеејќи се.

Додека таа се шегувала на сметка на натпреварувачката, другите девојки ја нарекле Мис Виетнам "слатка". Самерс ја споменала и мисицата од Камбоџа, Рерн Синат која исто така не знае англиски јазик.


"Не зборува англиски јазик, а ниту една личност тука не го знае нејзиниот јазик. Можете ли да замислите?", ги прашала Сара своите сопарнички, а потоа коментирале дека тоа e многу изолирачко и збунувачко.

"Кутрата Камбоџа", додала таа.

Обожавателите коментирале дека срамота е тие да го претставуваат светот, а кога мис Америка забележала дека почнале да ја напаѓаат, таа се оправдала преку Инстаграм.

"Во моментот кога имав намера да се воодушевувам на храброста на моите сестри, реков нешто што сега сфатив дека може да се протолкува како непочитување. Се извинувам", напишала Сара.



Спонзорирани линкови

Маркетинг