Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, жестоко ја критикувал британската премиерка Тереза Меј на вториот ден од самитот на ЕУ во Брисел.
Тие двајца биле снимени во жестока расправија, а Јункер наводно рекол дека е сосема "небулозно" тоа што всушност Велика Британија го бара од ЕУ.
"Сакаме да знаеме што нашите британски пријатели бараат од нас. Се наоѓаме во дебата која понекогаш е небулозна и непрецизна", рекол Јункер.
Таа изјава на Јункер видно ја изнервирала британската премиерка, која не ја разбрала добро.
"Како ме нарековте? Ме нарековте небулозна", рекла Меј луто.
NEW - Two expert lipreaders tell 5 News that Theresa May accuses Jean-Claude Juncker of describing her as nebulous.
— Channel 5 News (@5_News) December 14, 2018
This is how the conversation went, according to the lipreaders: pic.twitter.com/IuP99fJiXG
Јункер кажал дека не го рекол тоа, а таа инсистирала: "Да, го кажавте".
Потоа продолжиле да се расправаат, а Јункер ја спуштил раката на нејзиното рамо, додека се обидувал да ја смири.
Тереза Меј подоцна на новинарите им рекла дека имале остра расправа, но рекла дека тоа што имала да го каже било "кристално јасно".
Таа рекла дека Јункер го искористил изразот "небулозно" мислејќи воопштено на дебатата за Брегзит, а не за неа лично, како што најпрво мислела.
Меј во Брисел се обидува од лидерите на ЕУ да добие дополнителни уверувања за да може да го истурка својот договор за Брегзит во британскиот парламент.