Столбот во одбраната на Сити директно го прозва Дешамп: Намерно ме игнорира

Дерби

14/12/2018

21:50

2.041

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити има една од најдобрите одбрана во фудбалска Европа оваа сезона, а вистински столб во последната четворка на Пеп Гвардиола од месец август па се до денеска е Ајмерик Лапорт кој доста брзо се прилагоди на барањата и предизвиците во Премиер лигата.

Младиот стопер го чинеше Сити цели 65 милиони евра на стартот на 2018 година, но овој потег на „граѓаните“ се покажува како полн погодокот, бидејќи Лапорт прераснува во еден од најдобрите играчи на својата позиција, константно прикажувајќи партии на високо ниво.

Сепак, без разлика на фантастичнат форма, Лапорт и натаму не добива повик во француската фудбалска репрезентација, нешто што сега самиот фудбалер одлучи да го искоментира.

– Има само еден одговор за ова прашање. Има еден тренер и тој тренер не смета на мене. Немам ништо против него, а ако некој има проблем со некого, тоа е тој. Одлуките се негови, но не смета на мене поради лични причини. Намерно ме ингнорира, а јас не можам ништо да променам. Јас продолжувам да работам напорно за мојот клуб кој инвестираше во мене, играм на најдобро можно ниво за да добивам прилики од селекцијата, но тоа не може да се случи кога не сум повикан. Единствен кој може да го реши ова е Дешамп, – порачува фудбалерот на Сити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг