Медицинската сестра ги предупредува луѓето на ризиците за вбризгување на филери во усни, откако на своја кожа ги почувствувала најлошите можни последици.
23-годишната Били Рукрофт ја прифатила акциската понуда на еден козметични салон и за 120 фунти купила филери за усни. Мислејќи дека минала "евтино", филерот го вбризгала во својата дневна соба, а потоа се тргнало на лошо.
Усните набрзо и зголемиле за два пати, но козметичарката од која ги купила филерите рекла дека тоа е реакција од кремата за анестезија, а не од филерите. Били тоа веднаш го отфрлила, со оглед на тоа дека никогаш немала негативна реакција од таа крема која и претходно ја користела при тетовирање.
Били тврди дека 30 минути по вбризгувањето на филерите усните страшно и потекле и почнале да ја болат.
"Горната усна ми се поду, а долната ми ја допираше брадата. Изгледав како човек-слон. Усните ме болеа и целосно испукаа од растегнувањето", ги опишала Били своите маки.
Веднаш се јавила кај козметичарката која ја извела процедурата, но таа рекла дека такво нешто никогаш не видела и ја посоветувала да оди во болница.
"Отидов во итна помош со рацете преку лице. Кога жената на рецепција ме праша што не е во ред, не можев да зборувам, па и покажав".
Докторот што ја прегледал и кажал дека не може да вети дека отокот во целост ќе се намали. Били се исплашила дека засекогаш ќе остане "осакатена", но по дозата лекови за болки се чувствувала подобро.
"Уште додека бев во болница отокот почна да опаѓа, а кога целосно спласна, усните ми беа како пред процедурата. По интервенцијата во болница, филерот не се одржа и изгледав како никогаш ништо да не сум направила", рекла Били.
Иако усните се вратиле во нормала, образите и биле полни со красти и пликови, па било потребно време да се вратат во нормала.
Били својата приказна ја споделила за да ги предупреди оние кои планираат да стават филери, бидејќи најважно е тоа да го направи професионалец во медицински стерилен амбиент.