Фотографи им направиле магични божиќни портрети на повеќе од 200 болни деца

Точка

14/12/2018

17:29

2.039

Големина на фонт

а а а

За децата кои ќе ги поминат новогодишните празници во болница да го почувствуваат празничниот дух, повеќе од 100 волонтери во склоп на иницијативата "The Heart Project" направиле магични божиќни портрети за повеќе од 200 деца.

Проектот бил покренат пред две години од страна на австралиската фотографка Карел Алсоп, а оваа година таа ја проширила својата работа кон Нов Зеланд, Канада и Обединетото Кралство.  

Повеќе од 100 фотографи волонтери поставиле зелен ѕид во секоја детска болница, а потоа ги викале децата да позираат за портрети. Тие ги уредувале фотографиите во Фотошоп, претворајќи ги во волшебни божиќни сцени.


"Нашата мисија е да ставиме насмевка на нивните лица и да им помогнеме да заборават на реалноста барем на еден ден", изјавила Алсоп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг