Џенет Џексон помеѓу славните рокери на доделувањето на најважното рок признание во светот

Точка

14/12/2018

16:34

2.376

Големина на фонт

а а а

Во познатата дворана "Rock and Roll Hall of Fame" во Кливленд ќе се појават славните Џенет Џексон, пејачката на групата "Fleetwood Mac" - Стиви Никс и бендот "Radiohead".

На церемонијата на доделувањето на најважното рок признание на светот конечно ќе учествува и Џенет Џексон, на која тоа не ѝ успеваше во изминатите години. Конечниот список на музичари кои биле во изборот беше официјално соопштен вчера, а оваа година за прв пат во историјата, во изборот на музичари учествувала и публиката со своите гласови. Во изборот се нашле 25 кандидати со повеќе од 25 години музичко искуство. 


Церемонијата ќе биде одржана на 29-ти март 2019 година во центарот Баркли во Њујорк, а покрај бендот "The Cure", чест ќе им биде оддадена и на групите "Radiohead", "Roxy Music", "Def Leppard", "The Zombies" како и на пејачките Џенет Џексон и Стиви Никс.

Иако американската пејачка Никс фактички веќе била во славната дворана како дел од групата "Fleetwood Mac", ова е нејзин голем успех како соло пејачка.


"Друштво, успеавме", напишала Џенет која била номинирана повеќе пати во минатото, но сепак не успеала да стигне дотука.

"Ви благодарам на љубовта и поддршката", додала пејачката на Твитер.

Во изборот влегувале и LL Cool J, "Kraftwerk", Џон Прајн, "MC5", "Rage Against the Machine", Чака Кан и многу други. Арета Френклин била првата жена која се појавила во "Rock and Roll Hall of Fame" во 1987 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг