Кјелини: Во кариерата сум чувал само еден напаѓач подобар од Икарди

Макфакс

14/12/2018

10:01

1.416

Големина на фонт

а а а

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини (34) одиграл речиси 500 натпревари во Серија А и 100-пати го носел дресот на Италија, а во кариерата чувал бројни напаѓачи. Сепак тој ги издвојува двајцата најопасни за чување.

„Мауро Икарди е вториот најдобар напаѓач со кој сум се судрил во казнениот простор, кој било кога сум го чувал. Тој ментално ве уништува. Цело време мора потполна концентрација. Во кариерата сум чувал само еден напаѓач поопасен од него, но тој оваа сезона игра со мене“ – изјавил Кјелини алудирајќи на Кристијано Роналдо.

Кјелини во врска со „изумирањето“ на одбранбените играчи во модерниот фудбал смета дека фудбалот еволуира, треба да се биде отворен, но смета дека би било добро да се задржи италијанската култура на фидбалот.

„Кога ќе погледнам наназад и ќе помислам на Фабио Канаваро, Алесандро Неста, Франко Барези, Паоло Малдини, историјата на италијанскиот фудбал ја сочинуваат врвни дефанзивци“ – вели Кјелини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг