Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот шеф на државата Владимир Путин нема да се оствари се додека Русија не ги врати запленетите украински бродови и не ги ослободи морнарите кои се притворени по поморскиот инцидент кај Крим, јавуваат агенциите повикувајќи се на изјавата на советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Болтон.
,,Не гледам услови во блиска иднина за средба, со додека бродовите и екипажот не бидат ослободени”, изјави Болтон во Вашингтон.
Трамп и Путин требаше да се сретнат на маргините на неодамнешниот самит Г20 во Буенос Аирес, но средбата е откажана поради овие причини. Трамп тогаш објави на Твитер дека до средба нема да дојде поради инцидентот во Керчкиот премин, кога Русија заплени три украински брода и го уапси екипажот.