Гатузо: Влијаеа судиските одлуки и атмосферата...

Точка

14/12/2018

09:08

927

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Олимпијакос синоќа ги шокираа гостите од Италија и со победа од 3:1 се пласираа во нокаут фазата од Лига Европа.

Милан со вчерашниот пораз беше елиминиран во групната фаза во некое европско натпреварување за прв пат од 2000-та година, па јасно е дека тренерот Џенаро Гатузо беше огорчен.

„Многу сме разочарани, но овој натпревар буквално им го подаривме на Олимпијакос. Цело време игравме лошо, противникот беше подобар и нема оправдување за испаѓањето. Жал ми е за милиони наши навивачи кои што се тажни“, изјави Гатузо и додаде:

„Морам да кажам дека и судијата донесе некои одлуки кои се многу дискутабилни, но и атмосферата на стадионот беше пеколна. Не се снајдовме, но тоа не смее да биде нашиот изговор. Често изгледаме како екипа која што нема доволно самодоверба и одлучност. Иритантно е тоа што ги направивме истите грешки како минатата сезона против Арсенал, но и натаму тврдам дека сме посилен тим од Олимпијакос“, изјави Гатузо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг