Избезумена мајка верува дека на 3-годишната ќерка ѝ се јавил починатиот дедо, а има и видео!

Точка

13/12/2018

20:59

5.823

Големина на фонт

а а а

Мајката на едно 3-годишно девојче од Велика Британија, рекла дека нејзината ќерка добила порака од гроб, откако нејзиниот дедо ѝ се обратил преку една социјална мрежа.

Кејт Меркер (24) тврди дека нејзината ќерка, Меделин Џонс (3), си играла со нејзиниот телефон, кога слушнала како ѝ се обраќа морничав глас, пренесува „Ladbible“.

3-годишното девојче се снимало со филтери на лицето, преку Снепчет и кажувало зборови, но пред да заврши се слушнал машки глас кој рекол „мајмун“, иако нејзиното момче во тој момент не било во собата.

Избезумената Кејт ја покажала снимката на својата мајка, која рекла дека тоа е гласот на нејзиниот починат сопруг, Питер Меркер.

Познат како „Петар Пан“, 63 годишникот починал од карцином на грлото во 2016-та година, кога Меделин имала само пет месеци.

„Не го слушнав гласот на татко ми, сè додека не го пуштив видеото. Додека таа ги изговара зборовите, прави пауза кога се слуша машки глас кој вели 'мајмун'. Можеби звучи морничаво, но мислам дека тоа е мојот татко, кој сакал да ѝ каже на внуката дека и понатаму мисли и внимава на неа“, раскажала Кејт.

Меѓутоа, ова можеби не е првпат дедото да ѝ се обраќа на внуката. Кејт рекла дека нејзината ќерка ѝ кажала дека „духот спие во нејзината соба“.

„Забележувам дека во последно време си игра сама, а не со својата сестра и дека често има монолози. Не изгледа како да има невидлив пријател, туку застанува и слуша, како некој да ѝ зборува“, истакнала Кејт.

Кога ја прашала ќерката што прави, таа одговорила дека „си игра со дедо си“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг