Синови на бикот, 10 стрели, земја на запалени лица: Ова се буквалните преводи на имињата на државите, а еве што пишува за Македонија

Точка

13/12/2018

21:29

8.180

Големина на фонт

а а а

Шпанија буквално значи "земја на многу зајаци", Унгарија "10 стрели", а Етиопија е "земја на запалени лица", стои на мапата која ја направиле уметниците од сајтот Credit Card Compare во желба да ги обележат не имињата на земјите, туку историјата на тие имиња.

Тие истражиле што на најстарите јазици на сите земји на светот значат имињата на државите и ги превеле буквално. 

Што значи името Македонија и кои земји имаат најинтересни буквални преводи, погледнете во продолжение.

Историјата која ги крие имињата на државата и натаму е интересна. Така, на пример, во Европа Италија значи "синови на бикот", Шпанија е "Земја на многу зајци", ако се земе во предвид дека на јазикот на Картагенците спан значело зајак.

Што се однесува до државите во регионот, Хрватска е "земја на планински гребени", Словенија е "земја на Словените", Косово е "земја на црните птици", Србија е "земја на мажите", додека за Црна Гора немало потреба од буквален превод, сметаат авторите.

Македонија, според авторите, е "Земја на високи луѓе".

Најпоетични се имињата на островите-држави во Тихиот океан. Додека Австралија значи само "јужна земја", Папуа Нова Гвинеја ќе биде "кадрави луѓе", Науру е "отидов на плажа", Вануату е "засекогаш наша земја", а Тували "осуммина стојат заедно".

Во Азија буквалниот превод за Азербејџан значи "заштитени од оган". Ирак би значело "покрај вода", Мјанмар е "брз и силен", Кореја "висок и убав", а Бутан "земја на змејовите и громовите".

Во Африка, Камерун е "река на шкампите", а Боцвана е "оние кои заминале".

Се претпоставува дека името Канада потекнува од зборот канат кој на еден дијалект на Индијанците значи село или населба. САД, без изненадување, имаат свој буквален превод. Мексико, сепак, има многу интересно значење - "Во папокот на Месечината".

Интересни се и имињата од Средна Америка, па така Гватемала значи "земја со многу дрва", Белизе значи "матна вода", а Панама "Земја со многу риби".

Венецуела е "мала Венеција", Чиле е "Местото каде завршува светот". Бразил е "црвено дрво за боење", а Парагвај значи "луѓе родени покрај река". Имињата на другите држави од Јужна Америка во главно се поврзани со вода или река.




Спонзорирани линкови

Маркетинг