Трогателна порака на мајката на малата Медлин МекКен: Ова е 12-ти Божиќ без нејзината ќерка, а еве што ѝ дава надеж

Точка

13/12/2018

20:32

3.089

Големина на фонт

а а а

Скотланд Јард од 2013-та година отворил сопствена истрага за случајот со Меди МекКен, откако португалските власти не успеале да откријат ништо.

Родителите на исчезнатото девојче Медлин МекКен ќе го минат 12-тиот Божиќ без својата ќерка. На неа и се губи секаква трага на семејниот одмор во Португалија во 2007-ма година, кога исчезнала од хотелска соба. Тогаш имала само три години, а нејзините родители постојано ја бараат веќе со години и веруваат дека нивната ќерка е жива. 

Сега мајката на Меди се огласила преку порака во која ги поттикнува сите родители на исчезнати деца никогаш да не се откажуваат и истакнува дека и натаму живее со надеж дека еден ден ќе ја пронајде својата ќерка.

Кејт МекКен и дала поддршка на Бек Стратфилд, чиј 17-годишен син исчезнал пред 18 месеци. Двете мајки се сретнале на добротворен настан во Лондон кој бил организиран во името на сите исчезнати.

Таа и рекла на Бек дека утре би можел да биде денот кога ќе се дознае нешто што ќе ги одведе до Медлин и што ќе може да им објасни што и се случило.

"Тоа ни дава надеж. Никогаш не губи надеж", рекла таа.

Скотланд Јард од 2013-та година отворил сопствена истрага за случајот со Меди МекКен, откако португалските власти не успеале да откријат ништо. Неодамна биле обезбедени дополнителни средства за продолжување на истрагата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг