Битка на Нирнбургринг која не смеете да ја пропуштите: Ducati Panigale V4 vs. BMW M3

Точка

13/12/2018

17:34

3.328

Големина на фонт

а а а

Мотоциклист на својот канал на YouTube објави видео направено со камера поставена на неговиот Ducati мотоцикл на кое што може да се види епската „брканица“ со BMW M3.

Ducati Panigale V4, како што кажува и самиот назив, користи 1,1 литарски V4 агрегат, а целиот мотоцикл тежи само 198 килограми, додека возачот на располагање има импресивни 214 коњски сили – значи, станува збор за една импресивна машина.

За време на возењето на популарната германска патека Нирнбургринг, Ducati мотоциклот ги вкрсти копјата со BMW M3.

Пресметката на Баварскиот ѕвер и италијанскиот мотоцикл е совршена доза на адреналин на сите љубители на брзината. И двајцата возачи покажаа завидно ниво на возење, а посебно импресионира смиреноста на мотоциклистот во неколку „комплицирани“ ситуации.

Иако и двете машини се фантастични, мотоциклистот успеа да го победи возачот на М3, а на видеото подолу можете да ја видите нивната битка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг