YouTube Rewind 2018 стана најомразеното видео на сите времиња

Точка

13/12/2018

16:11

880

Големина на фонт

а а а

Најновото видео YouTube Rewind односно годишниот преглед на "видео снимки, музички спотови и трендови кои го одбележаа Јутјуб во 2018 година" стана видео запис со најмногу дислајкови некогаш во историјата на сервисот.

Претходниот носител на оваа титула беше музичкиот спот на Џастин Бибер за песната "Baby", кој во период од осум години собра импресивни 9,8 милиони дислајкови. Во меѓувреме, YouTube Rewind 2018 генерирал повеќе од оваа цифра за помалку од една недела, надминувајќи 10 милиони дислајкови. 

Но, зошто толкава омраза? Со оглед на намената на ова видео која е да не' потсети на најважните Јутјуб моменти, постојат и исклучително значајни пропусти. Јутјуб сервисот од годишниот преглед ги изоставил познатите Јутјубери како што се Логан Пол и Пјудипај и неколку навистина популарни вирални видео снимки.

Секако, некои од тие творци на Јутјуб содржини - особено Логан Пол и Пјудипај не се познати по доброто однесување, но и понатаму им оди од рака да го одржат вниманието на илјадниците гледачи. Секако, во видео снимката постојат тон познати имиња како Вил Смит, Кејси Нејстат и Лили Сај кои се релативно неконтроверзни и не успеваат да остварат голем успех на платформата.


Тоа би можело да објасни и зошто во годишниот преглед е вклучен и Фортнајт стримерот Нинџа. Тој е познат како "Twitch" стример а не како Јутјубер, но и понатаму ужива во неверојатните статистики благодарение на своите видео снимки. Со тоа, потполно е јасно дека челниците на Јутјуб имале поинаква идеја од она што е вредно за споменување и што го привлекува вниманието на гледачите кои ја поддржуваат платформата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг