Хорор во Тексас: Жена злоставувала дете - го изгладнувала и го присилувала да живее во ормар како Хари Потер

Точка

13/12/2018

16:23

3.496

Големина на фонт

а а а

Мајка на седум деца од американската сојузна држава Тексас е осудена на 28 години затворска казна затоа што го изгладнувала својот 5-годишен посинок и го присилувала да спие во мал ормар.

37-годишната Тами Блеимејер е прогласена за виновна за повредување на детето, а случајот траел од 2015-та година. Џордан Блеимејер кој сега има девет години, таа го присилувала да спие во мал ормар, нарекувајќи го „ормарот на Хари Потер“. Ормарот бил сместен под скалите, а внатре имало еден душек на кој што спиело несреќното дете.

Докторите откриле дека Џордан тогаш имал само 13 килограми и за малку не починал од глад. Неговата состојба ја споредиле со состојбата на луѓето кои што го преживеале Холокаустот. Таткото на Џордан ја признал вината за истите обвинувања уште во 2016-та година и бил осуден на 15 години затворска казна.

Страшниот случај излезе на виделина кога во 2014-та година, во полиција случајот го пријави вториот син на Блеимејерови кој што тогаш имал 16 години. Тој на полицајците им рекол дека неговите родители го злоставуваат Џордан.

Тами Блеимејер која што била во шести месец од нејзината бременост, пред полицијата да чукне на нејзината врата го одвела Џордан од куќата и одбила да се врати. Сепак, полицијата ја пронашла следејќи го сигналот на нејзиниот телефон во мотел. Момчето било прекриено со модринки и било потхрането.

Џордан веднаш бил пренесен во болница каде што докторите утврдиле дека несреќното момче претрпело сериозно психичко злоставување и изгладнување. Доколку не бил спасен тогаш, Џордан би можел да почине за неколку дена, потврдиле докторите.

Подоцна се дознало дека Џордан воопшто не добивал храна, му давале по едно парче леб, а доколку тоа не го изедел за кратко, му го одземале. Таткото наводно го дрогирал детето за да биде мирно кога во нивниот дом пристигнувале гости. Тами Блеимејер која што била уапсена во 2015-та година, пресудата ја доби оваа седмица. На судењето сведочеле и нејзините биолошки деца кои што рекле дека таа направила голема грешка и мора да се соочи со последиците.

Џордан после тоа ѝ бил вратен на неговата биолошка мајка, а за другите деца се грижи Центарот за социјална заштита, а новороденчето на Тами било посвоено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг