Првиот човек на НАТО потврди: Ќе испратиме опрема во Украина поради ескалацијата со Русија!

Точка

13/12/2018

15:19

2.211

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг му порача на украинскиот претседател Петро Порошенко дека Северноатлантската алијанса овој месец ќе ја снабди украинската армија со опрема за безбедна комуникација.

„Му реков на претседателот Порошенко дека до крајот на оваа година, на украинските вооружени сили ќе им доставиме опрема за безбедна комуникација“, изјави генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг после состанокот со претседателот на Украина по повод ескалацијата на конфликтот со Русија.

Оваа опрема која што Столтенберг вети дека до крајот на годината ќе ја добие украинската армија е дел од помошта вредна 40 милиони евра која што најмоќниот воен сојуз на светот ја намени за јакнење на вооружените сили на Киев.

Столтенберг изрази почит поради „смиреноста и воздржаноста“ на Украина за време на кризата со Русија и ја нагласи поддршката на Алијансата за тежнеењата на оваа поранешна советска република кон приклучувањето на НАТО, нешто на што Москва жестоко се противи.

Тензиите на релација Киев – Москва ескалираа во текот на минатиот месец кога руската крајбрежна стража изврши агресија и нападна бродови на украинската воена морнарица во водите на Црното море.


Русија го затвори теснецот Керч кој ги спојува Црното и Азовското море и отвори оган кон украинските воени бродови. Притоа, тројца украински морнари беа повредени, а вкупно 24 беа заробени и моментално се наоѓаат во затвор во Русија. Исто така, Русите запленија и три бродови на украинската воена морнарица.

Од Киев тврдат дека руските власти биле известени за траекторијата на нивните бродови кои што требало да минат низ теснецот Керч, додека пак од Москва го демантираат тоа и тврдат дека бродовите нелегално навлегле во руски територијални води.



Спонзорирани линкови

Маркетинг