Француската полиција издаде потерница за Шериф Чекат, кој во вторникот навечер во Стразбур уби две и рани 14 лица.
Во описот на потерницата пишува дека Шериф има 29 години, висок е 180 центиметри, нормална телесна градба, кратка коса, темни очи и со видлива флека на челото.
Полицијата нагласува дека Шериф е исклучително опасен и го бараат повеќе од 700 припадници на француските безбедносни сили.
Полицијата во вторникот наутро требаше да го приведе поради можна поврзаност со едно убиство кое се случи минатото лето, но успеал да побегне.
Како што пишуваат француските медиуми, еден од загинатите е 52 годишен вработен во банката Credit Agricole кој поминал во еден ресторан на пијалак во центарот на градот заедно со синот и сопругата. Втората жртва е 45 годишниот тајландски туристи, кој е убиен со куршум во главата додека со сопругата се шетал на божиќниот саем.