Пирели ги откри компонентите кои ќе ги донесе на првите четири трки следната година, што е прва објава со новата номенклатура на пневматиците која ќе важи во 2019 година.
Хард, медиум и софт ќе бидат присутни на сите 21 трка во календарот, но Пирели има нов систем на именување од Ц1 до Ц5 каде се дефинирани кои всушност компоненти се кријат зад трите едноставни називи.
Ц1 е најтврдата гума во гамата за следната година, а Ц5 е најмека, има избор од само 5 гуми наместо годинешнтие седум.
На три од првите четири трки ќе се користат Ц2, Ц3 и Ц4 компонентите и тоа во Австралија, Кина и Азербејџан, додека во Бахреин ќе се возат трите најтврди компоненти, Ц1, Ц2 и Ц3
Овие гуми ќе значат промена кај Кинеското Гранд При во однос на минатата година кога Пирели користеше медиум, софт и ултрасофт, прескокнувајќи го суперсофт. Сезонава нема да има прескокнување на компонента.
За прекуокеанските трки италијанците од Пирели мораат да ги објават гумите кои имаат намера да ги користат 14 недели однапред, додека за европските настани, објавата е само 8 недели однапред. Следната објава за Канадското Гранд При ќе биде во Февруари, а потоа ќе се објават гуми и за Шпанија.