Трае потрагата по терористот! Извикувал "Алаху Акбар", уапсени четири лица

Точка

12/12/2018

15:16

2.669

Големина на фонт

а а а

Во тек е полициска акција околу катедралата во Стразбур, јавува "Reuters". Нивниот репортер видел повеќе полицајци како го обезбедуваат подрачјето во близина на Божиќниот саем на кој вчера се случил нападот.

Во нападот, потсетуваме, загинале три лица, а 13 биле ранети. Напаѓачот од вчера е во бегство, а се верува дека е ранет. 

Напаѓачот, како што пишува "Reuters", го бараат 600 полицајци и специјалци. 29-годишниот напаѓач 15 часа пред да пука по луѓето на божиќниот саем требало да биде уапсен за убиство. Во полициската акција уапсени биле пет лица, дознава Ле Монде, но тој не е пронајден.

"Потрагата продолжува", вели заменик министерот за внатрешни работи Лоран Нунез. Вели дека не може да се исклучи можноста дека ја напуштил Франција.

Source: Teroristički napad u Strasbourgu by indexpromocija

Извикувал Алаху Акбар

Парискиот обвинител Реми Хеиц открил нови детали од нападот. "Според изјавите на сведоците, напаѓачот при нападот извикувал "Алаху Акбар"", рекол Хеиц. Уапсени биле четири лица кои се доведуваат во врска со напаѓачот.

Потсетуваме, вчера во околу 20 часот бил нападнат божиќниот саем во Стразбур. Најпрво, велат сведоците, завладеала паника, а потоа се се испразнило.

"Бевме на плоштадот Клебер, беше околу 20 часот. Слушнав пукање, настана паника и луѓето се разбегаа", рекол еден сведок. Додека и самиот бегал видел три ранети лица кои лежеле на земја по улиците, на неколку метри од божиќното дрво со украси во центарот на градот.

Уште вчера била донесена одлука денес да не работат училиштата и градинките, а затворен е и саемот на кој дошло до нападот.

Во Париз се состанал кризниот стожер, на кој министрите и премиерот бил и претседателот Макрон. Макрон по состанокот не давал изјави, но на нацијата и се обратил преку твит во кој вели дека целиот народ е солидарен со граѓаните на Стразбур, жртвите и нивните семејства.

Кој е напаѓачот?

Уште трае потрагата по напаѓачот. Иако медиумите вчера известувале дека напаѓачот е обиколен и наводно ранет, тој уште не е уапсен. Во меѓувреме бил откриен неговиот идентитет.

BFM TV јавува дека напаѓачот бил идентификуван како Шериф Чекат и има 29 години. Истата информација ја потврдил и "Le Figaro". Медиумите наведуваат и дека станува збор за маж роден во 1989-та година во Стразбур.

Напаѓачот бил на таканаречената "Fiche S" листа на која 26.000 лица кои претставуваат безбедносен ризик, а се верува дека околу 10.000 од нив се радикализирани, јавува "Reuters".

Локалниот весник "Dernières Nouvelles d'Alsace" наведува дека напаѓачот во 2011-та година бил осуден на две години поради вооружен напад.

Вчера била пребарана и неговата куќа. Полицијата требало да го приведе поради можна врска со едно убиство минатото лето, но тој побегнал. Во куќата биле пронајдени експлозивни средства. Напаѓачот, како што пишуваат медиумите, е поврзан со исламистички групи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг