Опасни зборови на британскиот адмирал: Светот е како пред Првата светска војна! Треба да ја притиснеме Русија

Точка

11/12/2018

20:25

4.207

Големина на фонт

а а а

Поранешниот командант на Кралската Воена морнарица на Велика Британија, Алан Вест, изјавил дека ситуацијата со Русија е слична како пред Првата светска војна.

Адмиралот го привлекол вниманието на опасноста од ситуацијата која настанала меѓу Москва и Киев, каде Русија ја обвинуваат за подготовка на инвазија на Украина, додека Петро Порошенко моли за помош од НАТО. 

Алан Вест предупредил и на можно распоредување на бродови на НАТО во Црното море, нагласувајќи дека слична ситуација го предизвикала почетокот на Првата светска војна.

"Токму тоа и доведе до Првата светска војна. Иако капсулата за нејзин почетокот беше убиството на надвојводата Франц Фердинанд, во тоа време била водена политика на раб на војна", нагласил Вест.

Тој додал дека гледа брз почеток на голема војна во Украина, а Русија продолжи да ги користи своите сили во Донбас, меѓутоа, по неговото мислење, НАТО нема да ризикува да се меша во тој конфликт.

"Што точно ќе правиме? Тоа не е напад на НАТО, па дали сакаме да пратиме таму војска и влеземе во војна со Русија поради Украина. Тоа е добро прашање. Ако не го направиме тоа, ние тогаш ќе дозволиме уништување на Украина. Тоа е комплексно прашање", нагласил поранешниот командант на Воената морнарица на Велика Британија.

Притоа, тој изјавил дека, поради избегнување на војна, западните земји треба да извршат поголем притисок на Русија.

"Треба да удриме на секој олигарх, да му го замрзнеме имотот, не само во нашата држава, туку и во целиот свет и да не дозволиме да ги кријат парите во некој даночен рај", рекол Вест.




Спонзорирани линкови

Маркетинг