Тука Русите ги праќаат монструмите: Најголемиот сериски убиец остатокот од животот ќе го мине во сибирскиот затвор од кој никој никогаш не побегнал

Точка

11/12/2018

19:57

5.297

Големина на фонт

а а а

Затворот "Арктички" или "Поларен був" во местото Харп е еден од најсуровите руски затвори во кои лежат злосторници осудена на доживотен затвор и од него не може да се побегне.

Затворот се наоѓа во местото Харп, зад Северниот поларен круг, на брегот на реката Соб, во близина на планинскиот масив Рај-Из, а во него остатокот од животот ќе го мине најлошиот сериски убиец во историјата, Михаил Попков, осуден за силување и убиство на 56 жени. 

Судот во сибирскиот град Иркутск го прогласил поранешниот полицаец Попков за виновен за убиства извршени меѓу 1992-ра и 2007-ма година. Тој, меѓутоа, побеснaл кога слушнал дека судот одлучил да му ја укине пензијата од 300 евра месечно, и најавил жалба на оваа пресуда.

Попков е осуден додека служел доживотна казна за 22 убиства. Тој уште во 2015-та година бил осуден за силување и убиство на 22 жени, со што вкупниот број на неговите жртви се искачува на 78. Возраста на неговите жртви се движела меѓу 18 и 50 години.

Попков ќе се пресели во затворот "Поларен був", каде остатокот од животот ќе го мине во самица. Местото со околу 6.500 жители е сместено некаде на северот на Сибир, речиси на поларното Карско море, кое е толку студено што е замрзнато девет месеци годишно.

Освен смртоносниот студ, Карското море е полно со нуклеарни реактори фрлени уште во времето на Советскиот сојуз. Според официјалните документи, таму се фрлени шест реактори од нуклеарни подморници и десет реактори од други извори.

Кога биле откриени злосторствата на поранешниот полицаец, јавноста му го дала прекарот врколак, бидејќи Попков со години работел во полицијата и паралелно силувал и убивал жени. За порталот Медуза , Попков изјавил дека цел му била да ги исчисти улиците од неморални жени и проститутки. Некои жени го убивал на должност, бидејќи така му било полесно да ја стекне нивната доверба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг