Сок од три состојки - вашиот сојузник против вирусите и гриповите

Fashionel.mk

11/12/2018

19:44

3.470

Големина на фонт

а а а

Во овој период од годината, кога времето е променливо, темпото на живот брзо, стресот сеприсутен, имунитетот е прв на удар.

Токму затоа, во продолжение ќе ви презентираме сок од три состојки кој ќе ви помогне во борбата против вирусите и гриповите.

Се работи за тоник од ѓумбир, куркума и портокал, богат со витамин Ц, антиоксиданси, со кој ќе ги уништите вирусите, а ќе имате и повеќе енергија. 

Исто така, кога имате главоболка или нервоза во желудникот, наместо апче, напијте се една чаша од овој сок. 


Ако на овие три состојки го додадете и медот манука, кој има посилно антибактериско дејство од другите видови мед, ќе добиете природен антибиотик. Секако, доколку немате дома манука, тогаш искористете било кој мед. Се верува дека колку што е медот потемен, толку има посилни антибактериски и антиоксидантни својства. 

А еве и како да го направите сокот:

- 1/2 филџан сок од цеден портокал 

- изрендани парчиња ѓумбир (околу и сантиметар) 

- прстофат куркума 

- 2 лажици мед манука 

Сите состојки ставете ги во бокалче и добро промешајте. Ете толку е едноставно. 

Една до две чаши дневно е сосема доволно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг