Демонстрации во Албанија и Франција: Студентите излегле на улиците, имаат исти барања

Точка

11/12/2018

19:13

2.894

Големина на фонт

а а а

Студентите бараат намалување на школарините за половина, дуплирање на буџетот за образование и поголемо присуство на студенти во факултетските одбори кои донесуваат одлуки.

Илјадници албански студенти се собрале денес во најголем број досега, за да протестираат поради школарината. 

##https://twitter.com/AM3326/status/1072418022076370945##

Студентите се собрале пред Министерството за образование во Тирана носејќи постери, при што дуваат во вувузели и извикуваат намалете ги цените, пренесува "AP".

На нив во протестите им се приклучиле студенти од другите градови и средни училишта во Тирана.

Како што се наведува, албанскиот премиер Еди Рама апелирал на смирување на ситуацијата преку Фејсбук и ги повикал учесниците на протестите да "изградат мост за комуникација со владата".

Студентите веќе втор ден протестираат барајќи намалување на школарините на половина, удвојување на буџетот за образование и поголемо присуство на студенти во факултетските одбори кои носат одлуки.

Потпретседателката на албанската влада Сенида Меси, соопштила вчера дека владата подготвила пакет решенија за најитните прашања кои се однесуваат на студентите.

Студентски протести и во Париз

Овој пат не станува збор за "Жолтите елеци", туку за студенти кои протестираат поради зголемената цена на школарината.

Протестите на студентите почнале вчера, моментално во тек е марш низ Париз, а според најавите на организаторите, тие нема да сопрат додека барањата не им се исполнат.

На студентите им се приклучиле и средношколци, а маршот се одржува во неколку градови.

Судејќи според снимките на социјалните мрежи, ни овој протест не минал мирно.

Во Рен биле забележани неколку судири меѓу полицијата и студентите, а фрлени биле и димни бомби.

##https://twitter.com/enough14/status/1072449869716054016##




Спонзорирани линкови

Маркетинг