Човештвото по втор пат во историјата го напуштило сончевиот систем: "Voyager 2" влегол во меѓуѕвездениот простор

Точка

11/12/2018

19:06

3.584

Големина на фонт

а а а

Сондата "Voyager 2", лансирана од Земјата во 1977-ма година, станала вториот предмет направен од човечка рака кој го напуштил Сончевиот систем. И покрај тоа што е пратена 16 дена пред "Voyager 1", нашиот систем го напуштила шест години подоцна, бидејќи имала подолга траекторија.

Втор пат во историјата, еден објект кој е дело на човечка рака, успеал да стигне во меѓуѕвездениот простор. 

Вселенската сонда на НАСА, "Voyager 2" ја напуштила хелиoсферата, односно заштитната област на магнетни полиња и честички кои ги произведува Сонцето.

Споредувајќи ги податоците со различните инструменти добиени од леталото, тимот на НАСА утврдил дека "Voyager 2" го напуштил Сончевиот систем на 5-ти ноември 2018-та година.

Научниците на НАСА би требало да се состанат со колегите од Американската геофизичка унија, за да расправаат до какви сознанија дошле, пишува "Phys".

Сондата "Voyager 1" во 2012-та година влегла во меѓуѕвездието, но била неисправна. "Voyager 2" носи исправен инструмент кој ќе овозможи проучување на овој природен излез во меѓуѕвездениот простор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг