Ја купиле куќата од филмот "Сам дома" и потполно ја промениле

Точка

11/12/2018

21:23

6.236

Големина на фонт

а а а

Како што се променија актерите од легендарниот филм "Сам дома", така и куќата во која се случуваа сите неволји не останала непроменета.

Резиденцијата на семејството Мекалистер не е измислено место туку е вистинска куќа во сојузната држава Илионис. Фотографиите од изгледот на домот надвор од филмот настанале во 2011 година, кога тој бил ставен на пазарот на продажба.  

Цената на куќата изнесувала 2,4 милиони долари, но сепак се продала за 1,58 милиони.


Кога режисерот Крис Колумбус бирал во која куќа ќе се снима филмот, главниот предуслов бил визуелната привлечност.

"Ми беше потребна куќа во која на детето би му било забавно да остане само", раскажал Крис. Колумбус потполно ја трансформирал куќата која тогаш ја пронашол, а тогашните сопственици не се бунеле. Меѓутоа, ентериерот на куќата сега изгледа потполно поинакво отколку во филмот.

Во деведесеттите, кујната имала вистински божиќен дух, додека сега е без шаренилото кое го поседувала.


Славните скали на кои крадците "добија" канти во глава биле украсени со црвен тепих и биле усогласени со тапети.


Поради големината на канцеларијата на таткото на Кевин, многумина се прашуваа со што тој се занимава во филмот. Неговата канцеларија сега има неутрална боја, а единствено нешто заедничко во просторот во овие речиси 30 години е клавирот.


Една од најпознатите филмски спални соби е токму онаа на родителите на Кевин. Додека во филмот, огромната соба била исполнета со различен мебел, сега таа е поедноставна и со минимален изглед.




Спонзорирани линкови

Маркетинг