Викторија Бекам изгледа сензационално во малку збунувачка дневна комбинација

Точка

11/12/2018

17:02

3.087

Големина на фонт

а а а

Минималистичка креација со максимален ефект. Токму така би можело да се опише аутфитот на Викторија Бекам, кој го носела вчеравечер на гламурозното доделување на наградите „British Fashion Awards“.

Успешната модна дизајнерка, на доделувањето се појавила заедно со сопругот Дејвид Бекам, а иако не ја освоила наградата во категоријата „Најдобар дизајнер на женска мода“, креацијата која ја носела, ги оставила сите без зборови.


Имено, поранешната Спајсица се појавила во необичен аутфит, кој сама го креирала, а на многумина им било потребно време за да откријат дали станува збор за панталони, фустан или комбинезон.


Иако на прв поглед изгледа како елегантна тоалета, кога Викторија ги ставила рацете во џеб, открила дека всушност станува збор за комбинезон, каков досега не сте имале прилика да видите.

Оваа модна приказна ја заокружила со едноставна фризура и пристоен накит. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг