Отприлика кај 5% од трудниците се развива прееклампсија, која може да предизвика тешки последици, а во некои случаеви дури и смрт, ако не се третира правилно.
Научниците оваа состојба сега ја поврзуваат со развој на деменција подоцна во животот.
Ако имате прееклампсија - опасно висок крвен притисок за време на бременоста, добро е да знаете дека неодамна научниците ја поврзале со ризик од развој на депресија, стои во студијата објавена во магазинот „The New York Times“.
„Оваа состојба се развива кај отприлика 5% од трудниците, обично во 20-тата недела од бременоста. Со хипертензија, таа состојба може директно да влијае на здравјето на црниот дроб, бубрезите и мозокот.
Истражувањето следело 1.178.005 жени во Данска, кои родиле помеѓу 1978-ма и 2015-та година, а повеќе од 58.000 испитанички имале прееклампсија во бременоста. Заклучено е дека оваа состојба двојно ги зголемува шансите за развој на васкуларна деменција, а кај жените постари од 65 години, ризикот се зголемува за дури четири пати.
„Мојот совет за жените кои имаат прееклампсија е да го намалат крвниот притисок, да ги намалат вишокот килограми и да направат сè што можат за да го намалат ризикот од развој на дијабетес тип 2. Сепак, овие резултати мораме да ги потврдиме со испитување на жени од други земји за да разбереме што понатаму. Моментално немаме сознанија како да интервенираме со цел да помогнеме“, заклучил авторот на студијата Хедер А. Бојд од институтот „Statens Serum“во Копенхаген.