Ова е најслушаната песна на интернет, а настанала во 20-тиот век

Точка

11/12/2018

16:40

3.044

Големина на фонт

а а а

Мислеле дека никогаш нема добро да се продава бидејќи првобитната верзија траела дури седум минути, но се покажало дека песната на групата "Queen" - "Bohemian Rhapsody", според податоците на дискографската куќа "Universal Music Group" е најслушана песна на интернет.

Песната е објавена во 1975 година и тогаш често се пуштала по радио станиците ширум светот, а неодамна повторно го привлече вниманието на јавноста поради филмот кој го носи истото име. Спотот за "Bohemian Rhapsody" е прегледан 1,6 милијарди пати, објавил "UMG". 

Дискографските куќи "EMI" и "Elektra" во Велика Британија сакале да исечат некои делови од оваа легендарна песна, но Роџер Тејлор објаснил:

"Кажаа дека е предолга и дека нема да функционира. Мислевме, можеме да ја исечеме но тогаш нема да има никаква смисла. Со тоа би се пропуштиле различните емоции кои песната ги создава и рековме - не, или проаѓа или не проаѓа", и не погрешиле.

Дискографската куќа во соопштението објавила дека песната е попопуларна од "Smells Like Teen Spirit" на "Nirvana" и "Sweet Child O'Mine" на групата "Guns N' Roses".


"Universal Music Group" вели дека ова музичко ремек-дело им се приближи и на помладите генерации преку новиот филм. По пет недели од премиерата во кино салите, филмот заработил 600 милиони долари, а Рами Малек кој се појавува во улога на Фреди Меркјури е номиниран за наградата "Златен глобус" за музичка изведба.

Според податоците на стриминг сервисите како "Spotify", "Apple Music" и "Deezer", "Bohemian Rhapsody" без сомнеж е најслушаната песна од 20-тиот век.



Спонзорирани линкови

Маркетинг