Хартли се враќа во Порше

КРУГ.МК

11/12/2018

17:01

1.264

Големина на фонт

а а а

Веќе поранешниот возач на Торо Росо, Брендон Хартли, се враќа во Порше и ќе биде фабрички возач на тимот за 2019 година, потврди производителот на автомобили од Штутгарт.

Сепак, германеците не потврдуваат во која тркачка серија ќе вози Брендон, иако за 2019 година имаат панирано четири возила за ГТ серијата на 24 часа Ле Ман. Новозеланѓанецот има врски со Порше од 2014 година, а пред две години беше дел од победата на екипата во престижната ЛМП1 серија.

Хартли беше убеден дека има долгорочен договор со тимот од Фаенца и дека ќе го задржи своето возачко место, но по последната трка во Абу даби беше обелоденето дека Александер Албон ќе го превземе неговото место следната година.

Порше планира влез во Формула Е тркачката серија со фабричка екипа од следната година, така што Хартли би бил идеален за нивното деби во електричната тркачка серија. Шефот на Порше Моторспорт, Фритз Енгингер, изјави дека веќе е договорен нивниот прв возач за Формула Е, а неговото име ќе биде објавено пред стартот на пролетното тестирање.

„ЖАЛ МИ Е ЗА БРЕНДОН, ПОЧНА СО МНОГУ КАЗНИ И КАКО САМО ТОА ДА ГО ИМАШЕ ВО НЕГОВИОТ ПРЕСТОЈ ВО ФОРМУЛА 1. КОН КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА АНВИСТИНА ДОБРО ВОЗЕШЕ, НО НА ПОЧЕТОКОТ НАЕМАШЕ СРЕЌА, ИАКО СЕ БОРЕШЕ. СИ ЈА НАЈДЕ БРЗИНАТА“, ИЗЈАВИ МАРТИН БРАНДЛ, КОЈ СМЕТА ДЕКА ХАРТЛИ ЗАСЛУЖИЛ ДА ОСТАНЕ ДЕЛ ОД ФОРМУЛА 1 ГРИДОТ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг