Истанбул оди чекор напред, јавниот превоз ќе може да се плаќа со пластични шишиња

Точка

11/12/2018

14:43

5.412

Големина на фонт

а а а

Во Истанбул стартуваше пилот проектот со кој на корисниците на јавниот превоз им се нуди можност да плаќаат со рециклирање на пластични шишиња.

Постапката функционира такашто во поставените специјализирани автомати се внесуваат пластични шишиња, после што на картичката на корисникот на јавниот превоз се уплаќа износ кој се користи за плаќање на услугите за превозот. 

Автоматите се поставени на 25 локации во Истанбул, а градските власти планираат во функција да постават блиску 100 автомати до крајот на оваа година.

Возењето со истанбулското метро чини околу 0,40 центи. Според пресметките, потребно е да се внесат 87 шишиња за едно бесплатно возење.


Проектот е покренат со цел да се поттикне свеста за рециклирање во овој град со оглед на тоа дека Турција годишно произведува близу 31 милиони тони отпад, од кои само 11 % се рециклираат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг