Русинката која Американците ја обвиниле за шпионажа се изјасни за виновна

Точка

11/12/2018

08:51

1.948

Големина на фонт

а а а

Руската државјанка, активистката Марија Бутина која американските власти ја обвиниле дека е руски шиопн и дека се сомничи за обид да влијае на американската политика кон Русија, прифати да се изјасни за виновна за заговор и соработка со американските сојузни, државни и локални власти, јавуваат медиумите.

Бутина во спогодба со обвинителството, чија копија според сопствени наводи ја доби ABC News, наведува дека во САД делувала по барање на еден руски претставник. 

Поранешната студентка на американски универзитет, Бутина претходно одбиваше да ја прифати вината за американските обвиненија од јули оваа година за тоа дека е агентка на руската влада и дека делувала во своја корист.


Обвинителите во текот на летото ја обвиниле дека со еден руски претставник и двајца американски државјани се инфилтрирала во моќна група на Националната асоцијација за право на оружје, која има блиски врски со републиканците, вклучувајќи го претседателот Донлад Трамп и дека има влијание врз американската политика кон Москва.


Адвокатите на Марија Бутина претходно ги отфрлиле сите обвиненија против својата клиентка. Случајот против Бутина го води американското обвинителство во Вашингтон заедно со одделот за национална безбедност, а не специјалниот обвинител Роберт Мулер, кој го истражува руското мешање во американските избори во 2016 година и било која поврзаност на Москва со членовите на Трамповата кампања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг