Тие сме, Македонија и Африка: И во Мозамбик се откриени „домашни административци“ кои што земале плата за седење дома...

Точка

11/12/2018

10:30

2.387

Големина на фонт

а а а

Мозамбик, каде што 55% од буџетот е предвиден за плати на административците, во изминативе две години е погоден од тешка финансиска криза која што се одразува на тамошната економија.

Исто како и во Македонија, каде што околу 1600 службеници вработени по Рамковниот договор, земале плата, а воопшто не оделе на работа, така и во Африка, конкретно во Мозамбик биле откриени околу 30 илјади „домашни административци“.

Како што таму ги нарекуваат, „фантомски“ службеници, кои што исто така добивале плата, а не оделе на работа, се проценува дека ја оштетиле државата за 220 милиони евра, откри министерката за државна управа, Кармелита Намашулуа.


„Со проверка на периодот од 2015-та до 2017-та година, кај службениците регистрирани на нашите листи, пронајдовме околу 30 илјади фантомски службеници кои што ја чинеле државата 220 милиони евра“, откри Намашулуа.

За време на последните проверки, откриено било дека Мозамбик има над 318 илјади административци, а оваа држава која што е погодена од голема економска криза, троши дури 55% од државниот буџет за плата на администрацијата.


Во текот на 2016-та година, владата на оваа африканска земја беше присилена да признае дека позајмила 2 милијарди долари за да купи бродови со кои што ќе учествува во борбите против поранешните бунтовници Ренамо.

Инаку, Мозамбик е на 153-то место од 180 земји на светската листа за корупција, објавија од Transparency International, а кога веќе се споредуваме со африканските земји, треба да се истакне дека Македонија исто така “добро” котира на листата, заземајќи го 107-то место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг