Томас Маркл: "На својата прва свадба Меган им делеше на гостите пакетчиња со марихуана"

Точка

10/12/2018

21:02

6.197

Големина на фонт

а а а

Томас Маркл ѝ се обрати на пошироката јавност по пат на интервју за Дејли Меил во кое тврди дека на првата венчавка на неговата ќерка сите присутни добивале пакетче со марихуана на самиот влез. Томас и неговата ќерка, војвотката од Сасекс не се во добри односи.

74 годишниот Томас Маркл кој веќе долго време не разговара со својата ќерка, војвотката од Сасекс, неодамна во интервју изјави дека неговата ќерка делела пакетчиња со марихуана на својата прва свадба со Тревор Енгелс. 


"Таа марихуана е илегална, но е една од најпознатите во Јамајка. Јас не пушам марихуана, а не пуши ниту таа. Своето пакетче го подадов понатаму", рекол Томас.

Еден од изворите кој беше присутен на нејзината прва венчавка тврди дека церемонијата била готова за речиси 15 минути и дека сите набрзо започнале да танцуваат. Наведува дека сите сакале само добро да се забавуваат.


Меган за Тревор се омажи на 10 септември 2011 во Јамајка, а венчавката траела четири дена и присуствувале околу 100 луѓе. Меган од Тревор се развела само после две години брак, а причина за нивното разделување биле големите разлики.

Војвотката од Сасекс не се огласила по повод овие обвиненија и изјави од нејзиниот татко.





Спонзорирани линкови

Маркетинг