Заев-Ручи: Македонија е сè поблиску до ЕУ и НАТО

Макфакс

10/12/2018

20:29

1.068

Големина на фонт

а а а

Премиерот, Зоран Заев, денеска се сретна со Грамоз Ручи, претседател на Собранието на Албанија.

„Претседателот на Парламентот на Албанија ги оцени како искрени и пријателски односите помеѓу Македонија и Албанија, ги поздрави договорите со Бугарија и со Грција и најави дека неговата земја и албанскиот Парламент ќе бидат меѓу првите што ќе го потпишат протоколот за членство на Македонија во НАТО“, соопштија од Владата.

Премиерот Заев се заблагодарил за поддршката од Албанија во НАТО интеграциите и оценил дека се отворени големи перспективи за соработка на двете држави на економски план.

„Благодариме на Република Албанија за поддршката за членство на Македонија во НАТО. Од големо значење е и поддршката што си ја даваме во ЕУ интеграциите. Очекувам околу средината на јануари да биде ратификуван Договорот од Преспа во Парламентот во Македонија, по што следува ратификацијата на Договорот од грчка страна, како и ратификацијата на Протоколот за НАТО. Владите на Македонија и на Албанија се во искрена, редовна и пријателска соработка. Јас ќе ја искористам приликата, во име на Владата на Македонија, да повикам да се унапреди уште повеќе соработката меѓу двата парламента. Посебно на економски план имаме одлични перспективи, да овозможиме квалитетен живот за граѓаните во нашите земји“, рекол Заев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг