Таа е алергична на зима: Оваа автоимуна болест е толку ретка што речиси никој ја нема

Точка

10/12/2018

20:44

4.295

Големина на фонт

а а а

Алергија на студено време е ретка автоимуна болест и носи големи неволји. Една Канаѓанка боледува токму од таква болест и покрај тоа што во зима мора да носи двојно повеќе облека од останатите луѓе, сега поради болеста ѝ се заканува и отказ.

Аријана Кент има 21 година и доаѓа од Канада, а таа боледува од автоимуна блест која е предизвикана од студеното време. 

Тоа значи дека секој контакт со студениот ветер или студена вода може да доведе до хоспитализација. Оваа алергија кај неа предизвикува осип по целото тело, а доколку не се лекува на време може да добие анафилактички шок.


Поради оваа болест, секогаш мора покрај себе да има инекција со епинефрин за да не дојде до затворање на грлото и гушење.

И покрај сериозната здравствена состојба на оваа Канаѓанка, многу луѓе не ѝ веруваат дека навистина страда од оваа невообичаена болест.

Девојката за прв пат ги доживеала симптомите на оваа алергија кога имала само 14 години и кога живеела на место каде температурата можела да падне и до 40 степени под нулата.


Аријана се обидува да се заштити од студеното време такашто се облекува двојно повеќе од останатите луѓе.

Поради тоа имала проблем и со работодавците кои мислеле дека изгледа непрофесионално додека во ресторан работи облечена во џемпер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг