Германските медиуми откриваат: Ова е руската ракета која го преплаши НАТО! Во нејзин дострел поголем дел од Европа

Точка

10/12/2018

20:24

7.557

Големина на фонт

а а а

Со поддршка на НАТО, САД го зголемиле притисокот на Русија поради сомнение дека таа земја го крши договорот со балистичките ракети за среден дострел.

Во центарот на вниманието е новата ракета од типот 9M729. Што всушност се знае за неа? 

Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, во октомври најавил отстапување од договорот "INF" - Intermediate Range Nuclear Forces со Русија, Вашингтон продолжил со работа. По состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во вторникот во Брисел, Алијансата застанала на страната на САД и ја обвинила Русија дека го крши тој договор за разоружување потпишан во 1987-ма година, со кој се забрануваат ракети со дострел меѓу 500 и 5.500 километри.

Вашингтон од своја страна и поставил ултиматум на Москва во рок од 60 дена да почне да го почитува Договорот - во спротивно, САД ќе се повлече од него.

Пред тоа Пентагон со НАТО-партнерите разменил информации кои ги добил од тајните служби. Станува збор за ракета која во медиумите се нарекува "Новатор 9М729" или преведено во НАТО код - SSC-8. "DW" за тоа собрал информации од јавно достапни извори.

Кон крајот на јули 2014-та година, "New York Times" прв пат објавил текст за тоа дека Вашингтон смета дека Москва го крши INF договорот. Тогашниот американски претседател Барак Обама во едно писмо за тоа го известил својот руски колега, Владимир Путин.

При тоа се смета дека Русија почнала да ја тестира новата ракета уште во 2008-ма година. Според New York Times, администрацијата на Обама за таа тема разговарала со Русија, но избегнувала поостри вербални напади, очигледно со надеж дека ќе успее за тоа да се договори со Кремљ.

Стејт департментот сега соопштил дека од 2014-та година па до денес имало вкупно пет разговори на таа тема на ниво на технички експерти, и дека Москва на тоа реагирала со "деманти, затскривање и невистини".

Дури администрацијата на Трамп за прв пат објавила како се нарекува ракетата која наводно претставува кршење на INF. Тоа го направил Кристофер Форд, член на советот за национална безбедност во Вилсон-центарот во Вашингтон. Тој рекол дека станува збор за ракета од типот 9M729, која ја направила компанијата "Новатор" од Јекатеринбург. Претпријатието кое е дел од државниот концерн за производство на оружје Алмас-Антеи, произвело и нова крстаречка ракета на нуклеарен погон.

Во Русија нема официјални информации за развој и технички податоци во врска со ракетата 9М729. Во САД, Даниел Коутс, шефот на сите американски тајни служби, таа информација прв пат ја објавил кон крајот на ноември.

Тој вели дека Русија со развојот на таа ракета почнала кон средината на 2000-та година и дека требало да се направи ракета која е слична на останатите ракети тогаш направени. До 2015-та година Русија ја завршила обемната програма за тестирањето кое е организирано "така што ќе се сокрие вистинскиот карактер на тестовите и можностите на ракетите".

Коутс точно опишал како било направено тоа. Договорот INF дозволува тестирање на ракети кои не се лансирани од земја, туку само од вода и воздух. "Русија знае за таа клаузула и тестирала ракета најпрво лансирана од стационарна лансирана рампа, при што далечната била многу поголема од 500 километри. А потоа тестирала иста таква ракета лансирана од мобилна лансирна рампа, на далечина помала од 500 километри".

"Ако описот на Коутс одговара на вистината, тогаш очигледно Русија сака да го прикрие фактот дека ракетата е лансирана од земја и тестирана на растојание кое INF го забранува", рекол за DW рускиот новинар и воен набљудувач Александар Гољц. Тој аргументите на САД ги нарекол убедливи - "Во нив барем има логика".

САД официјално не наведува колкав е дострелот на новите руски ракети, но се сигурни дека таа го крши договорот. "New York" во февруари минатата година објавил статија според која таа ракета претставува "директна опасност" за најголем дел од Европа и делови на Азија.

Американските набљудувачи пренесуваат дека станува збор за ракети кои многу личат на веќе постоечките модели, па тешко е да се откријат. Русија признава дека постојат ракети од типот "9М729", но демантираат дека тие го кршат договорот INF. Министерството за одбрана не сакало да го коментира случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг