Мачно убиство на недолжна туристка: Откриено што напишал убиецот на Фејсбук пред злосторството

Точка

10/12/2018

20:07

7.525

Големина на фонт

а а а

Во Оукленд почнало судењето за убиството на британската туристка Грејс Милан на Нов Зеланд, а обвинетиот Џес Кемпсон на суд седел на само неколку метри од семејството на убиената.

Потсетуваме, Грејс Милан исчезнала на 1-ви декември од луксузен хотел во Оукленд, а нејзиното безживотно тело било пронајдено во неделата по големата потрага, јавува британски "Jutarnji List". 

Кемпсон, инаку татко на едно дете, на судењето изгледал многу потиштено и не проговорил ни збор.

"Не знам што да ви порачам во овој момент, но вашата тага мора да е голема", им рекол судијата Евангелос Томас на родителите на Милан.

"Се надевам дека правдата ќе биде задоволена и дека ќе ви донесе барем малку мир", рекол тој.

Кемпсон на судењето се задржал околу 90 минути, пред да биде вратен во притвор. Пред одењето во притвор некој од галеријата отворена за јавност му дофрлил - "Ѓубре едно".

На судењето биле откриени и некои детали кои ја откриваат мистеријата за исчезнувањето на младата Британка. Така засега со сигурност е потврдено дека Кемпсон е мажот со кој несреќната Грејс била последен пат видена кобната сабота во 21:41 во хотелот "City Life". Кемпсон живеел на истата улица на која во еден хостел престојувала Милан.

Исто така, било откриено и дека Кемпсон ја контактирал Грејс преку социјалните мрежи, а последниот коментар на Фејсбук го оставил токму тој, нарекувајќи ја "прекрасна личност која зрачи", само неколку минути пред последен пат да биде видеа жива.

Обвинителите ќе се обидат да докажат дека Кемпсон ја убил Милан истата вечер или следниот ден, на нејзиниот 22-ри роденден.

И натаму не е познат мотивот на ова мачно злосторство.

Семејството Милан на суд го претставувал таткото на Грејс, Дејвид и неговиот брат, додека од кај Кемпсон присутни биле неговите баба и дедо.

"Ние сме тие кои делумно го пораснавме бидејќи родителите му се разведоа додека беше дете. Со мајка му живееше во Сиднеј додека беше тинејџер. Беше добро дете, но имаше проблеми, со оглед на тоа дека родителите рано му се разведоа", рекол дедото пред судот.

Неговата баба низ солзи додала дека "Џес е едно многу збунето дете".

Според нивните зборови, Џес се отуѓил од семејството последните години, посебно од таткото, кој не зборувал со него две години "поради различните погледи на животот".

Рекле дека во последните години живее во Сиднеј и дека има ќерка, но не е во врска ни во контакт со нејзината мајка.

Кемпсон ќе остане во притвор на неопределен период, а пред суд повторно ќе се појави на 23-ти јануари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг