Компанијата Шанел направи уште еден чекор напред и после 109 години ангажираше машки модел од афроамериканско потекло. На своето ново модно шоу го претставија Алтон Мејсон и така го загарантираше медиумското внимание.
Алтон Мејсон е првиот модел со афроамериканско потекло кој прошета по пистата на шоуто на Шанел во 109 годишна историја.
Мејсон беше дел од древно египетскиот спектакл по повод изложбата "Mertiers dÁrt". Иако Фарел Вилијамс претходно работел со Шанел, Мејсон беше првиот професионален афроамерикански модел кој се појави на пистата на овој престижен моден бренд.
Испишувањето на историја е значаен чекор за Мејсон, кој се заблагодари на социјалните мрежи.
"Благословен сум, бидејќи имав можност да прошетам на пистата на Шанел, тоа е момент кој никогаш нема да го заборавам. Да се погледне уметноста во внатрешноста на музејот и да се работи со нивниот неверојатен тим е нереално", напиша Мејсон на Инстаграм.